речник контакт

ЕЛЕГИЈА ЗА ТЕБЕ - Не можев да премолчам

Зборот е најсилниот од се, во светот на човекот. Тој може да те издигне и собори, насмее и расплаче, плени и одбие...

Никола Солев

Зборот е најсилниот од се, во светот на човекот. Тој може да те издигне и собори, насмее и расплаче, плени и одбие.

Тој пак што царува над зборот е единствениот кој може да допре најдлабоко во длабочината на човечкото срце. И уште зборот сплотен во поезија, создадена е совршеноста – Кочо Солев Рацин.

Горди се Велешани што и по толку изминати години неговото дело претставува инспиративен извор и сложен предизвик кој постојано ги привлекува, трајно возбудува и понесува во многуте облици на неговото чествување.

Еден од тие облици на чествување беше долго очекуваната премиера на филмот ЕЛЕГИЈА ЗА ТЕБЕ. Тие како и секогаш масовно на местото на настанот.

Убава беше замислата на организаторот филмот да биде презентиран на 3 локации, како би можеле сите граѓани истиот да го проследат.

Но што се случи таа вечер ?!!!

Граѓаните наидоа на железни огради и скратена слобода на движење. Организаторот изгледа заборавил дека на овој начин народот можеби ќе биде понижен и деградиран. Дотолку повеќе што беше поделен на две групи: елита и обични граѓани.

Се поставува прашање:

Зошто огради? За кого и од кого?

Та нели сите сме народ!

Кој раздели брат од брата, човек од човека?

Нели бевме едно?

Кој направи да сме на две страни?

Рацин е поет од народот и за народот. Та нели пееше за Белите мугри, за силно светнатиот ден, за подобро утре? Зошто сите граѓани и гости да не бидат еднакви? Зошто се погазува по она суштинското за кое Рацин целиот свој живот се борел?

Зарем требаше на овој ден да се случи ваков намерен или не намерен пропуст?

Соочувајќи се со ваквата непријатна ситуација, граѓаните предвреме ја напуштија пр?екцијата на филмот.

Господа организатори !!!

Дали приметивте дека зад металните огради заедно со народот остана и речиси целото семејството на Рацин, едниот брат, зет за сестра како и неговите внуци кои со солзи во очите го проследија филмот за нивниот Кочо? Зарем требаше тие да молат за да влезат?

Дали после вака настанатата ситуација ќе имате храброст да излезете во јавноста пред оние на кои им овозможивте да се чуствуваат понижено во моменти кога треба да бидат горди што потекнуваат од градот на основоположникот на македонската поезија?!!



ЗОРАН СИНАДИНОВСКИ

внук од сестра на Рацин

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »