Петар Печков
Објавено: петок, 01 ноември 2013
МилМан или Миле Манечвски карикатурист од Велес во родниот град во Ликовниот салон отвори негова самостојна изложба, четврта во последните три години. Овојпат таа е на тема Европската Унија. На 50-тита цртежи, работени во комбинирана техника, преку збор ги пренесува неговите впечатоци од моментот во кој живееме
За жал во Македонија има се помалку весници кои објавуваат карикатури. Ние неколкумина карикатурсти што преживеавме, останавме живи на ова поле, ги пласираме по портали, преку изложби, се трудиме карикатурата да стигне до народот. Афоризмот, карикатурата, хуморот, сатирата по себе се специфични. Освен она првото што не насмејува, во себе носат и скриена порака. Таа може да биде остра, поучна, афирмативна – рече Манчевски.
Тој со карикатура се бави 29 години а изложбата има покани да биде претставена во други градови во македонија но и на Балканот. Неа ја отвори карикатуристот Мирослав Георгиевски Миро, кој потсети дека корените на сатирата водат токму од Велес, со првата книга издадени афоризми од средината на 19-тиот век, од просветителот Јордан Хаџи Константинов Џинот.
Tweet |