речник контакт

ЕУ ги презентираше плановите за проширување на Јуроп хаус до година, во четири града, меѓу нив и Велес (фото)

Европската куќа треба да служи првенствено на младите и да функционира како младински центар

Петар Печков

Јуроп Хаус Скопје денеска одбележува три години постоење. Евроамбасадорот Дејвид Гир ги презентираше плановите за проширување на мрежата на Јуроп Хаус и во други градови.

Денес, на третиот роденден, во Македонија има три канцеларии на Јуроп Хаус – во Скопје, Крива Паланка и Струмица. А амбасадорот Гир  ги презентираше плановите за четири нови Јуроп Хаус – во Битола, Струга, Тетово и Велес.

„Пред три години, тогашниот претседател на Европскиот парламент Дејвид Сасоли (1956-2022), симболично им го предаде клучот од Јуроп Хаус Скопје на македонската младина. Јуроп Хаус го замени поранешниот Инфо центар на ЕУ со цел да им служи првенствено на младите и да функционира како младински центар.  Овие нови „места на новата генерација“ ќе бидат отворени во текот на 2023 година, со што ќе се обезбеди избалансирано присуство“-  соопштија од   Делегацијата на ЕК.

Презентацијата била направена пред градоначалниците и претставниците на општините учеснички  и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.  Дизајните направени за идните Јуроп Хаус се во фото галерија.

Во Велес Европска куќа треба да биде сместен на приземјето од зградата на киното 11 Октомври. Од таму треба да се иселат два закупци, кои на прес конференција реагираа за предвремениот раскин на договорот.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »