Петар Печков
Објавено: сабота, 02 септември 2023
Во водите на езерото Младост се одржа 10 јубилеен пливачки маратон. Се пливаше финалето во националниот куп во далечинско пливање.
Победник во машка конкуренција на патеката од 2,5 км. кај професионалците е Евгениј Поп Ацев пред Петар Цеков и Кристијан Стојановски, а во женска Јана Костадиноска.
Трката на езерото Младост беше финална петта од серијата, која претходно се одржа со трки на Крушевско езеро, Преспанско и две на Охридско во Охрид и во Љубаништа.
Пливаа и аматери на истата должина 2,5км. Победник е Дарко Поп Ацев пред Петре Гуџов и Ване Рибарски. Паричните награди за првопласирантеи тројца во аматерска конкуренција по 300, 200 и 100 евра во машка и женска конкуренција ги обезбеди Дине Гуџов.
Утре, недела со почеток од 11ч. се плива петтата серија од Европскиот куп во далечинско пливање. Пријавени се повеќе од 30 пливачи од 13 држави. Стартот и целта повторно пред хотел Романтик.
Tweet |