Петар Печков
Објавено: сабота, 13 мај 2017
Откако вчера матурантите од велешката Гимназија кои завршија 1957-та се дружеа на 60 години, се појави и нивното табло. Благодарејќи на Мартин Мајсторов, кој го пронајде во домашната архива, можеме да ги видиме вчерашните славенци како изгледале пред шест децении.
Според зборовите на организаторот Стефан Ѓорчев класни им биле Ката Бегинова Крстева (македонски јазик) на женскиот клас, Лилјана Бојаџиева Георгиева (француски јазик) на машкиот клас и Тодор Андонов (математика) на мешаниот клас.
Илија Мајсторов во чија сопственост е таблото бил професор по физика. Освен професорката Бојаџиева која е се уште жива, од тогашната генерација жива е и професорката Светлана Цуракова Најденова која им предавала хемија.
На таблото се 82 ученици а е изработено од фото студио ,,Манушев,, . Според Ѓорчев од оваа генерација живи биле 35 тогашни ученика.
Tweet |