Петар Печков
Објавено: четврток, 22 септември 2022
На денот без автомобили, низ велешките улици со велосипеди возеа амбасадорите на ЕУ, Шведска и Италија, претставници од амбасадата на Германија, Мировниот корпус, ОБСЕ, градоначалникот Колев.
Тие се дружеа и со децата од велешките основни училиште и од градинките. Амбасадорот на ЕУ во Македонија Дејвид Гир дури допатува со претпладневниот воз од Скопје за Велес и си замина со пладневниот, за да не го користи автомобилот како превозно средство.
„Се дружевме со децата од градинките и основните училишта играјќи друштвени игри и поттикнувајќи ја свеста за користење алтернативни превозни средства и придобивките по здравјето и животната средина“ - кажа градоначалникот на Велес, Марко Колев, кој беше домаќин на настанот.
Оваа седмица во Велес се организираа повеќе активности, во рамките на Европската недела на мобилност, меѓу нив и пешачка тура до врвот Вршник, организирани од Општина Велес.
Tweet |