Петар Печков
Објавено: петок, 07 мај 2010
По овој повод ЕУ инфо точката при Општина Велес со поддршка на ЕУ Инфо центарот - Скопје организира масовен ревијален настан. На манифестацијата учествуваат ученици од општинските основни училишта „Св Кирил и Методиј“, „Блаже Конески“, „Рајко Жинзифов“ и „Благој Кирков“ кои на штандови ги презентираат земјите членки на Европската Унија- Романија, Бугарија, Германија и Полска. Свој штанд имаа за Холандија и учениците од Посебното основно училиште Маца Овчарова.
Во рамките на манифестацијата во амфитеатарот во Младинскиот парк настапи со мини концерт и македонската поп ѕвезда Влатко Илиевски.
Tweet |