Петар Печков
Објавено: недела, 28 декември 2008
Концерт-мајстори на филхармонии во Франција и во Шпанија свират на инструменти изработени во ателјето на велешанецот Светозар Богдановски, единствената работилница во Македонија во која се изработуваат виолини и виоли. Во него се оживува јаворовото дрво, кое е старо речиси колку и првите изработувачи на виолини во светов.
- Целта не е инструментот само физички да се изработи, туку да се постигне звукот. Тука е уметноста на занаетот - вели Богдановски. Изработката долго била тајна, откако Амати во 17 век, во италијанскиот град Кремона, ја создал првата виолина.
- Идеал е да се стигне до човековиот глас. Секој мајстор тежнее кон тоа, да се добие звук со боја на човековиот глас. Изработувањето на виолината е беспредметно ако не се надоврзе на чувствата на уметникот, на виолинистот - смета Богдановски. Инструментот, неговиот врат, страниците и задната страна се работат од јавор, а горната табла, звучницата, е од смрека. Тие ги набавуваат од Босна и Херцеговина, во чии планини, како што вели Богдановски, растат најквалитетните стебла во светот.
- Дрвата од кои се изработуваат инструментите се современици на големите авторитети Страдиварди и Гаврнери. Стари се повеќе од триста години. Дрвата се сведоци на историјата и преку виолината пеат за некое одамна минато време - вели тој. Како илустрација го посочува епитафот напишан на една стара виолина: „Живеев во шумата, секира остра ме пресече, жива молчев, мртва слатко пеев\". Изработката на инструментите мајсторот не ја доживува само како обработка на дрво, туку како обликување звук, како истражување, како уметност. Студиото на Богдановски е во стариот дел на Велес, на Мегдан. Амбиентот во кој се создаваат виолините е како времето да застанало, само часовникот ја регистрира сегашноста. Посебна енигма е завршната фаза, кога треба виолината или виолата да бидат „облечени\".
- Завршницата е кога инструментот треба да се „облече\" и кога до израз треба да дојде нејзината убавина. Заштитата е особено важна, а тоа се прави со лакирање. Има приказна за кремонскиот лак и за црвениот лак на венецијанските мајстори - вели Богдановски. Приказната е особено интересна бидејќи голем број уметници биле во потрага по тајната на лакот. Семејството Богдановски самото го произведува и тоа од природни балсами, во кои има лаванда, рузмарин и смоли од етеричните краишта на Медитеранот. Лакот е важен за надворешниот изглед бидејќи преку него е првиот контакт со јавноста. Сите светски студија работат тимски. Така е и во работилницата на Богдановски, каде што освен него, се неговата сопругата Марија и соработничката Тања. Сите тие се музички образовани, што им овозможува подлабоко да навлезат во работата и секој од нив има свој дел во изработката.
- Работиме како класичните мајстори - со интуиција, имагинација, чувство. Така го создаваме инструментот. Посебен момент е тој кога се проверува трудот вложен во работата. Најголема е возбудата кога со растегнувањето на жиците се проверува какво дело е создадено - вели Марија Богдановска, професор по виолина. На нивните инструменти свират концерт-мајстори во филхармониите во Тулуз, Франција, и во Барселона, Шпанија, каде што концерт-мајстор е нивниот син Костадин Богдановски. Светозар од неодамна е слободен уметник, бидејќи реши да го напушти работното место во образованието и да му се посвети исклучиво на правењето виолини. Ваквата одлука ја толкува со желбата да остави трага, особеност по која ќе бидат познати и наредните генерации.

Tweet |