Петар Печков
Објавено: среда, 07 јуни 2017
Со победата од 36:28, полувреме 16:14, против велешки ГРК Борец, екипата на РК Вардар стана повторно македонски шампион.
Во последното 10-то коло од разигрувањето скопјани без поголем ангажман и со половина од екипата која во Келн Германија, викендов, ја освои европската титула, дојдоа до победата, која им ја донесе титулата.
Пред крајот на средбата од активно играње кај Вардар се прости голманот Петар Ангелов. Кај скопјани Караџиќ постигна 8 гола а по 6, Циндриќ и Шишкарев, додека кај ГРК Борец по 5 забележаа Димитриевски и Илиев а 4 Павловски.
Остана забележано дека домаќинот ГРК Борец дека со никаков гест не им ја честиташе европската титула на гостинските ракометари.
ГРК Борец оваа сезона, по првиот дел до првенството како шести, влезе во шесте екипи кои играа за титулата, но не забележа ниту една победа или нерешен резултат. Вардарци пак го освоија и Купот и победија во регионалната СЕХА лига.
фото: екипа.мк спортмедија.мк
Tweet |