Петар Печков
Објавено: среда, 23 септември 2020
Кандидатите кои сакаат да полагаат возачки испит во Велес, но и поширокиот регион од Повардарјето, не можат. Откако од крајот на месец август и истекла лиценцата на комисијата кај која се полага возачки испит, таа не постои и не може да се врши оваа дејност.
Ова не е само проблем за велешани, туку и за жителите на Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Иако од МВР под чија надлежност е издавањето на лиценцата, писменото прашање е поставено на 9-ти септември, до денес одговор нема.
Завршив во часовите за обука, имам лекарско и положено прва помош, но не можам да полагам оти нема комисија. Се зборува дека лиценцата на комисијата изминала а не бил распишан нов тендер, така што не е познато и кога ќе се формира новата комисија. Може ќе чекаме подолго од овој еден месец, кој измина- вели велешанка која чека да се формира комисија за да може да полага за возачка дозвола.
Досегашната комисија работела во период од десет години, а лиценцата добиена од МВР истекла во август месец.
Tweet |