Петар Печков
Објавено: петок, 17 април 2020
Ликовниот салон, како културна институција не работи два месеци. Овој простор кој е и место каде се склопуваат бракови, не се користи еден месец. Толку време нема извршена ниту една регистрација на нов брак, во градот и општината.
Последен склопен брак во Велес имаме на 20-ти март. Прв следен кој ќе се случи, и најавен е за 24-ти април. Во меѓувреме нема ниту една ресистрација која се случила на територијата на општината. Поради ново настаната состојба со ковид-10, ги откажавме и склопувањата на брак на отворено, кои беа договорени - изјавија од Подрачната единица на Управата за водење на матични книги во Велес.
За новите бракови кои ќе се склопуваат а се веќе договорени, од ова институција објаснуваат дека во салата ќе можат да присуствуваат само младенците, двајца сведоци и двете службени лица, матичарот и членот на Советот на општината.
Tweet |