Петар Печков
Објавено: вторник, 30 мај 2017
Од почетокот на месец мај не сообраќа локалниот автобуски превоз до селата Отовица, Сојаклари и Кумарино. Така за дел од жителите пресечени се врскате кон Велес, каде ги извршуваа своите обврски. Некои укинувањето на ова линија сериозно ги погоди.
За да стигнам до Велес сега со такси потребни се 150 денари во еден правец за да се вратам назад тоа се 300. А автобускиот билет до Отовица беше 40 денари. Сопругот има здравствени проблеми, често одиме до град. Јас работам во Велес, така што многу не чини откако не сообраќа автобускиот превоз – вели жителка на Отовица.
Локалната власт објаснува дека презела мерки за што поскоро да се врати автобускиот превоз, на оваа локална линија. Причина што превозникот престанал да вози, бил малиот број патници.
Беше спроведена постапка за линијата Велес – Кумарино, на која се избра фирма која даде најповолна понуда за да ја извршува услугата. Во меѓувреме превозникот поднесе барање до општина Велес, во кое е наведено дека се откажува од опслужување на горенаведената линија поради нерентабилност на истата. Општина Велес во периодот кој следи, штом се отстранат законските пречки поради настанатата политичка ситуација, ќе изврши спроведување на постапка за доделување на линии за линиски превоз на патници на територијата на општина Велес. По комплетирање на постапката и издавање на Решение за доделување на линии, превозник кој има лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници може да отпочне со вршење на превоз, откако ќе добие дозвола и ќе регистрира возен ред за определена линија – изјавија од Општина Велес.
Tweet |