речник контакт

Еден мигрант почина а две лица се тешко повредени, откако воз удри во група мигранти кај станица Криволак

Во групата биле девет лица од Авганистан и Пакистан

Петар Печков

Нешто по полноќ, товарен воз удрил во група  мигранти кои оделе по  пругата Велес- Гевгелија. Инциденот  се случил на приод од железничка станица Криволак –неготинско.Во несреќата едно лице е починато, две се здобиле со тешки повреди.  

„На 11-ти јули   00,40 часот во близина пред железничка станица Криволак, во железничка несреќа во која учествувал товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје биле повредени мигранти, а едно лице од здобиените повреди починало на пат кон болница. Со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а со телесни повреди се здобиле три лица, констатирани во болниците во Велес, Неготино и Кавадарци – кажа Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.  

Неповредените шест мигранти биле предадени на полициски службеници од РЦ ГР Југ за понатамошна постапка. Од лицата кои биле во групата, утвредно е дека била државјани на Авганистан и Пакистан, имало и малолетници, но поради не познавање на англискиот јазик не е утврден индентитетот на починатиот и повредните.  Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител  од ОЈО Кавадрци и увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Од велешката Болница соопштија дека кај нив се донесени двајца тешко повредени пациенти.

„Во текот на вчерашната ноќ, на одделот за хирургија донесени се две лица со непознат идентитет, мигранти , повредени при удар од воз. Во незгодата  едниот пациент се здобил со тешки телесни повреди, ампутиранаму е  лева нога и  се здобил со нагмечувања по телото, а другиот со повреда  на шаката. По укажаната лекарска помош истите се пренесени на ТОАРИЛУЦ Скопје  за понатамошен третман и лекување“ – кажа д-р Елеонора Јованова, портпaрол на велешката Болница.

По почетокот на мигрантската криза, летото 2014-та повеќе од 30-тина мигранти ги загубија живототе по македонските пруги. Најмногу беа настрадани  во железничката несреќа близу Велес, на 23 април 2015, кога починаа 14 мигранти. Дел од мигрантите се починати од струeн удар кога се качувале на товарни вагони, има лица кои се удавиле при обидот да препливаат река, но и во сообраќајни несреќи кога автомобилите кои ги превезувале илегалците,  сториле соообраќајни незгоди.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »