Петар Печков
Објавено: недела, 08 ноември 2020
Советот на Општина Чашка, оддели еден милион денари средства, со кои ќе се набават таблети, за учениците кои не можат да следат онлајн настава.
По доставената информација од страна на централните општински училишта за бројот на ученици кои потекнуваат од семејства со социјален ризик, а немаат можност да следат онлајн настава, на својата 46-та седница донесе одлука еден милион денари од општинскиот буџет да бидат употребени за набавка на таблети.
Истите кои ќе им бидат доделени на ООУ ,,Лирија" и ООУ ,,Тодор Јанев", наменети за ученици од социјално ранливи семејства.
Tweet |