Петар Печков
Објавено: недела, 21 јуни 2020
Од Центарот за јавно здравје Велес информира дека во текот на вчерашниот ден е регистриран еден нов позитивен случај на ковид-19 во велешко, лице од Горно Јаболчиште. Тоа припаѓа на кластер од потесниот круг на фамилијата, се заразило од член на семејството .
Оздравен е еден пациент, кој бил хоспитализиран на Инфективно одделение од велешка Болница. Со ова вкупната бројка нa оздравени во велешко е 122 лице а како активни се водат 32.
На инфективно одделение од велешка Болница се 16 лица, 14 потврдено позитивни, едно лице е пуштено дома како оздравен откако имал последователно два негативни теста, за еден се чека резултат а бил со симптоми, како и друго лице кое подолго време е на одделението но со постојано негативни резултати иако ги имал симптомите.
Во домашни услови се 15 лица, две се на Инфективна клиника во Скопје по еден во ГОБ 8-ми Септември во Скопје и во државен карантин, повратник од Англија.
Tweet |