Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 мај 2021
Еден позитивен како нов случај со ковид-19 и 22 оздравени пациенти во велешко соопштија од Институтот за јавно здравје. Ова се податоците за изминатите 24 часа. По ова бројот на активни случаи се симна на 474 а досега заразени 5.411 лица.
„Почината е пациентка на 78 годишна возраст, позитивна од Велес, лекувана 2 дена на Интерно одделение, потоа како позитивна префрлена и лекувана уште 6 дена во Модуларната Болница. На кислородна поддршка се 24 пациенти. Испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест. Во текот на вчерашниот ден еден пациент е префрлен во Приватна Болница Систина - Скопје“ - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
Во велешка Болница хоспитализирани се 72 пациенти, од кои 60 се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и девет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се 36 пациенти, на Физикално шест , на Физикално пет и во Модуларната болница 25.
Tweet |