Петар Печков
Објавено: вторник, 12 април 2022
Еден ново регистриран случај со кoвид-19 во велешко а оздравени се тројца пациенти изминатите 24 часа. Со ова бројките на активни случаи падна на 13 лица. Починати од последиците на корона вирусот во велешко нема
Денес, вторник во двете ковид одделенија од велешка Болница, се водат дека се згрижени се 11 пациенти, еден помалку од вчера. Hа Инфективно хоспитализирани се шест а на Интерно се пет пациенти. Ново примен е еден и испишани се двајца пациенти
„Двајца пациенти се потврдено позитивни, непотврдени се четири лице а негативни се петмина но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка се тројца пациенти. Во двете одделенија хоспитализирани се шест пациенти, тројца од Велес, двајца од Кавадарци и едно дете со попреченост од Домот во Демир Капија. Останатите пет лица се на продолжено лекување “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |