Петар Печков
Објавено: среда, 22 јули 2020
Еден ново заразен и двајца оздравени пациенти во Велес во текот на вчерашниот ден регистрираа од велешкиот Центар за јавно здравје. Така бројката на активни случаи во велешко е 28 лица, досега се 209 вкупно заразени, оздравени се 168 а починати се 13.
Пациентка на 36 години која се тестирала заради нејзини потреби, немала симптоми, нема кластер, се покажала позитивна. Има и двајца оздравени кои биле на Инфективно одделение. Во последниот период се заразуваат во главно млади лица, кои одат на викенд, се собираат друштва, шетаат а не ги почитуваат прописите за задолжително носење маска, држење растојание, не групирање - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.
Шест од заразените пациенти се хоспитализирани на Инфективното одделение од велешка Болница, еден во ГОБ Скопје и еден во КПУ Идризово а 20 се на домашно лекување.
На Инфективното одделение сместени се 16 пациенти, сите се потврдено позитивни. Денес се испишани двајца пациенти кои по две тестирања биле негативни. Во текот на изминатите 24 часа нема приемно нови пациенти на ова одделение- изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |