Петар Печков
Објавено: петок, 01 април 2022
Изминатите 24 часа во велешко има само еден нови случај со кoвид-19, оздравени се четворица пациенти. По ова бројката на активни падна на 31 лице. Починати во велешко нема.
Денес, петок во двете ковид одделенија од велешка Болница, згрижени се девет пациенти, два повеќе од вчера. Hа Инфективно се хоспитализирани тројца а на Интерно се шестмина пациенти. Нема ниту ново примен ниту испишани.
„ По двајца пациенти се потврдено позитивни и непотврдени случаи, а негативни се пет но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка е еден пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |