речник контакт

Еден ново заразен во велешко со ковид-19, тројца оздравени

На Инфективно одделение почината пациентка од Свети Николе

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко е регистриран само еден нов случај на позитивен на ковид-19. истовремено има три лица кои се водат како оздравени а по еден негативен тест. Или во велешко има активни 123 случаи.

Бројот на згрижени пациенти на Инфективно одделение кое е ковид центар  од велешка Болница, идентичен како вчера.

„Вкупно се хоспитализирани 23, од кои 21 се потврдени позитивни и двајца сомнителни.  На кислородна поддршка се девет пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.  Во текот на вчерашниот ден, почината е пациентка на 55 годишна возраст од Свети Николе, примена на Инфективно одделение истиот ден, позитивна на јовид-19, невакцинирана“ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »