Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 февруари 2021
Денес, понеделник, Министерството за здравство објави дека во велешко има 14 лица оздравени и еден ново заразен со ковид-19. Активни се 231 случаи а досега се заразиле 3.289 лица.
Бројот на починати од последици на корона вирусот, во велешко е 107 пациенти.
Во велешка Болница се хоспитализирани 32 пациенти, од нив на Инфективно одделение се 31 и еден е на Интерно. Од лежечките пациенти 28 се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен и тројца пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 13 пациенти. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Tweet |