Петар Печков
Објавено: петок, 16 јули 2021
Возачот го призна делото, другите двајца обвинети за пренос на сто кг марихуана не признаваат вина. Ова е епилог од судењето на три лица од околината на Скопје, кои беа обвинети за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“.
Сите тројца беа уапсени на наплата рампа Сопот, на автопатот Скопје - Велес, на 15-ти декември лани. Возачот на автомобилот „БМВ“ Јасер Барди од Горно Блаце го признал делото по што како организатор беше прогласен за виновен и судијката Габриела Гајдова му изрече казна затвор од шест и пол години.
Другите две лица, братот на Јасер, Скендер Барди, кој бил сопатник во возилото и Музефер Исени, и кој според обвинението бил чистач на патот, во друг автомобил, биле помагачи, не го признале делото. Нив им се суди во издвоена постапка, процес кој е во тек.
Во багажниот на автомобилот ма Басради, биле пронајдени вреќи во кои имало околу 100 килограми марихуана. Обвинет е и Музафер Исени од Визбегово, кој имал задача да го обезбедува транспортот на дрогата како т.н. „чистач“.
Tweet |