речник контакт

Еден од обвинетите велешани, за сексуалната злоупотреба на 15 годишно дете, ја признал вината

Р.А по признание на вина добил 2 години затвор, пресуда која не е правосилна

Петар Печков

Еден од 14 обвинети велешани  за сексуалната злоупотреба на 15 годишно дете од Велес го признал делото и Основен кривичен суд Скопје, му изрекол затворска казна. 

„Обвинетиот Р.А.  (27 год ) од Велес, обвинет за кривичното дело „Силување “од чл. 186 ст.2 вв ст.1 ја призна вината и досудена му е неправосилна пресуда од 2 години затвор. На лицето му е определен куќен притвор до правосилноста на пресудата а за сите останати постапката продолжува со исклучена јавност по предлог на јавниот обвинител“ – соопштија од Основен кривичен суд Скопје.

Судењето  на останатите 13 лица почна вчера. Тројца се обвинети за „трговија со дете“, дел се товарат за кривично дело „полов напад и силување“ а еден и за производство и дистрибуција на детска порнографија. Сите се на возраст од 20 до 30 години.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »