Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 ноември 2021
Во велешко еден нов случај на лице позитивни на ковид-19 и деветмина оздравени. Ова е здравствениот билтен за изминативе 24 час. Mинистерството за здравство соопшти дека бројот на активни случаи е 331 лица.
Во трите ковид одделенија од велешка Болница претпладнево имаше 35 пациенти, исто како вчера. Од нив 25 се позитивни потврдени со ПЦР тест, двајца се непотврдени и осуммина се негативни, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„Примен е еден нов пациент, испишани се тројца оздравени лица по еден негативен тест. На континуирана кислородна поддршка се 15 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективното одделение згрижени се 16, во Модулaрна болница има 15 пациенти додека четворица се на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи
Tweet |