Петар Печков
Објавено: среда, 06 април 2016
Повикот на Општина Велес, за да се јават заинтересирани за јавно приватно партнерство на покриен пазар, одамна заврши. На него се јавил еден потенцијален инвеститор. Но и тој ќе чека да се врати планот за изградба, кој се наоѓа на проценка пред Министерството за транспорт и врски.
Со него или без него, од есен започнувале пoдготвителните работи за изградба на покриен пазар, најавија од локалната власт.
Има заинтересиран еден партнер, чекаме како тој ќе постапи откако планот ќе се врати од Министерството. Дали ќе одиме со Јавно -приватно партнерство или сами ќе го реализираме проектот ќе биде познато за одреден период - рече градоначалникот Славчо Чадиев.
Тој најави дека ќе се слушнат мислењето на граѓаните, ќе ги користат искуствата на други градови во земјава и во странство. Цел е да се елиминираат слабостите кои таму би се појавиле, да се отстрани реата -миризба од продажба на одредени производи. За оваа година Советот веќе издвоил средства во Буџетот, со кој треба да се извршат почетните работи.
На проценка пред Министерство за транспорт е предлог планот како тоа ќе изгледа , очекуваме повратно еветнуални забелешки, нешто што треба да се промени. Потоа предлогот ќе оди на Јавна расправа пред граѓаните, па пред Совет. Тоа треба да заврши до септември. Тогаш би почнале подготвителни работи, нова канализација оти таму нне постои, нова водоводна линија, потоа следи реконструкција на долниот дел од пазарот. Ова би се работело 2016-та а во следната интензивно ќе се одвиваат градежните работи - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.
Tweet |