Петар Печков
Објавено: петок, 27 август 2010
Во петокот вечерта во 23,00час. на автопатот Е-75, Велес - Скопје, на 1км. пред тунел Катланово дојдено е до сообраќајна незгода во која учествувале патнички автомобил марка Рено Меган со скопски регистарски ознаки, управуван од лицето Блаже М. (56) од Скопје и товарно моторно возило марка Мерцедес со скопски регистарски ознаки управувано од лицето Г.К. (28) од Валандово.
До незгодата е дојдено откако возачот на патничкиот автомобил удрил со авотомобилот во товарното моторно возило, по што на лице место починал. До незгодата е дојдено поради не држење на растојание и неприлагодување на брзината према условите на патот.
Увид на лице место изврши Јавен обвинител, Истражен судија од Основен суд Велес и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.
Анализите од извршениот увид дополнително ќе ги утврдат причините за сообраќајната незгода.
Tweet |