речник контакт

Еден починат и 13 нови случаи со ковид-19 во велешко

Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево имаше згрижено 32 пациенти, исто колку и вчера

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко има 13 ново заразени со ковид-19 додека оздравени се седум, објавија од Министерството за здравство, согласно здравствениот билтен за изминатите 24 часа. Бројот на активни случаи е 176 лица.

Починат е еден жител на Велес на 80 годишна возраст, кој се лекувал на клиниките во Скопје. Тој е 271 жртва на корона вирусот во велешко.   од последиците на корона вирусот во велешко денес нема.  Има починат пациент од Инфективното одделение до Велешка Болница, маж, жител на Свети Николе на 57 годишна возраст.

Во двете  ковид одделенија од велешка Болница  претпладнево  имаше згрижено 32 пациенти,  исто колку  и  вчера.  Од нив 22 се потврдени позитивни  со ПЦР тест, по четворица се  непотврдени и негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„По четворица примени  нови случаи, и стот толку  испишани како оздравени со еден негативен тест. На  континуирана кислородна поддршка се 20 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективно одделение згрижени се 25 пациенти и седуммина  се  на Интерно.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »