речник контакт

Еден починат и 14 нови случаи со ковид-19 во велешко

Опаѓа бројот на згрижени пациетни во велешка Болница, со проблеми од корона вирусот, денес имаше 33

Петар Печков

Пораст на бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко, откако има повеќе нови случаи од оздравени. Здравствениот билтен за изминатите 24 часа покажува дека во велешко има 14 ново заразени со корона вирусот додека оздравени се двајца. Бројот на активни случаи се  337.

Од велешка Болница објавија дека денес има починато пациент, маж на 57 годишна возраст, позитивен на ковид-19, со повеќе коморбидитети. Тој е 260-та жртва од последиците на корона вирусот.

Во трите ковид одделенија од велешка Болница  и претпладнево  имаше 33 пациенти двајца помалку од вчера.  Од нив 21  се позитивни потврдени  со ПЦР тест, непотврдени нема   и 12  се   негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Примени се двајца  нови  пациенти, испишани со по еден негативен тест се тројца. На  континуирана кислородна поддршка се 15 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »