речник контакт

Еден починат и 25 нови случаи со ковид-19 во велешко

Во трите ковид одделенија од велешка Болница има 56 пациенти

Петар Печков

И изминатите 24 часа  има починат пациент во Велес, како последица на ковид заразата. Тоа е лице на 77 годишна возраст, кое било на лекување во Болница во Скопје, информираа од Министерството за здравство. Тој е 235  смртен случај во велешко, од почетокот на пандемијата.   

Во велешко  во здравствениот билтен за претходните 24 часа, има 25 ново заразени лица со корона вирусот а 20 се водат како оздравени. Ова е податок од Институтот за јавно здравје. Вкупниот број на активни случаи во велешко е 357.  

„Ново примени се седум пациенти, еден на Инфективно и шест  во Модуларната Болница. На континуирана кислородна поддршка се 24 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова  Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
Во трите ковид одделенија од велешка Болница има 56 пациенти. Потврдено позитивни се 40 , непотврдени  се шест и 10 се негативни но со потреба од продолжено лекување.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »