речник контакт

Еден починат и пет нови случаи со ковид-19 во велешко

Вкупно згрижени во велешка Болница се 44 пациенти

Петар Печков

Едно лице од Велес на 72 годишна возраст починато од последиците на ковид заразата е во билтенот на Министерството за здравство. Тоа е 202 жртва од почетокот на пандемијата со корона вирусот  во велешко. 

Изминатите 24 часа има пет нови случаи и 11 оздравени во велешко, соопштија од Институтот за јавно здравје.  Починатото лице кое било згрижено во болнички услови не е регистриран пациент во велешка Болница, според денешниот тамошен билтен.

Вкупно  хоспитализирани во трите ковид одделенија се  44 пациенти,  од кои  28 се потврдени позитивни и по осум , сомнителни  и  со негативен тест но задржани на болничко лекување.На кислородна поддршка се 24 пациенти.

На Инфективно  одделение згрижени се  23 пациенти, девет на Интерно и во  Модуларна болница 12.

фото Никола Ѓуров

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »