Петар Печков
Објавено: недела, 07 март 2021
Билтенот на Министерството за здравство за денес, недела е дека во велешко има повеќе оздравени - девет, отколку ново заразени -седум случи на лица позитивни на ковид-19 во велешко. Со тоа активни се 242 случаи а досега се заразени 3.569 лица.
Од велешка Болница информираа дека утрово е починат пациент на 59 годишна возраст, позитивен- со брз тест за ковид-19 , жител на Градско, донесен во тешка општа здравствена состојба претходната вечер. Тој е 113 жртва на лица починати од последица на ковид заразата
Во велешка Болница се згрижени 39 пациенти, од нив 32 се на Инфективно одделение и седумина на Интерно. Од лежечките пациенти 26 се потврдено позитивни, шестмина се сомнителни и седум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 12 пациенти.
Tweet |