речник контакт

Еден случај на бебе до 12 месеци возраст заразено со мали сипаници, регистриран во Велес

Ова е резултат на пропустот во колективниот имунитет. Има најнизок опфат во последните десет години со вакцината МРП. Во Македонија регистирани четири случаи на морбили

Петар Печков

Во Велес има регистрирано еден потврден случај, од четирите во Македонија со морбили- мали сипаници. Во Велес според Институтот за јавно здравје кој  ја објави информацијата, заразено е бебе до 12 месеци, кое како и остнататите нови случаи не е вакцинирано, бидејќи првата вакцина се прима на една година возраст.  За првата половина од годинава во велешко има најнизок опфат со МРП  - против морбили, рубела и паротитис, вакцината на територијата на ЈЗУ Здравствен дом Велес, кој ги опфаќа општините Велес, Градско и Чашка, изнесува само 50,8%, лани опфатот бил 68,5%. 

„Ова е резултат на пропустот во колективниот имунитет. Имаме најнизок опфат во последните 10 години со вакцината МРП. Таа се прима на навршени 12 месеци и при упис во прво одделение. Иако ги повикуваме со покана сите родители за вакцинација на нивното бебе, можеби поради ралични причини не стигнала поканата, можат да дојдат секој работен ден во работо време и без покана и бебето да ја прими вакцината. Ја имаме доволно и може да се аплицира“ – вели д-р Марина Тодоровска педијатар, и раководител на службата за предшколска превентива, вакцинација при ЈЗУ Здравствен дом Велес. 

Kaj децата од школска возраст опфатот со МРП вакцината  во велешко за првите 9 месеци годинава е 87%.

Претходно морбилите во велешко беа регистирани во 2019-та година, една пред пандемијата со коронавирусот.

Во Македонија министерот за здравство Сашо Клековски вчера објави дека има четири потврдени случаи со морбили во државава од кои еден е странски државјанин – од Косово над 40 години возраст и три бебиња до 12 месеци возраст од Велес, Штип и Скопје. 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »