Петар Печков
Објавено: сабота, 23 јануари 2021
Министерството за здравство објави дека денес сабота, во велешко регистрирани се 11 нови случаи на заразени со ковид-19 а има шест оздравени пациенти . Со ова бројката на активни случаи се 315 а досега се имаат заразено 3.006 лица.
Изминатото деноноќие почината е една пациентка на 82 годишна возраст, од Велес, позитивна на ковид-19, лекувана пет дена на Инфективно одделение..Таа е 102 жртва на корона вирусот во велешко.
Во велешка Болница се хоспитализирани 21 пациент, од кои 16 се потврдени позитивни, еден сомнителен и четворица пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се 18 а на Интерно тројца пациенти. На кислородна поддршка се седум пациенти.
Tweet |