Петар Печков
Објавено: четврток, 22 октомври 2020
Нови 11 случаи на позитивни со ковид-19 во велешко, регистрираше денес Центарот за јавно здравје Велес. Има и четворица оздравени.
Со ова бројката на активни случаи во поширокиот велешки регион, освен Велес тука се и Градско и Чашка е 117.
Од нив 94 лица се на домашно лекување, 17 на Инфективно одделение, еден е на Инфективна клиника, две родилки се на ГАК, тројца велешани се лекуваат на приватна клиника.
Досега во велешко има вкупно заразени со корона вирус 467 лица.
До пладне на Инфективно одедление од велешка Болница, беа хоспитализиран 33 пациенти, 30 се потврдено позитивни а 12 пациенти се на кислородна поддршка.
Tweet |