Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 септември 2021
Два нови случаи на лица заразени со ковид-19 регистрирани во велешко и 11 оздравени. Ова е здравствениот билтен за изминатите 24 часа, кој беше објавен од Министерството за здравство. Бројот на активни случаи во велешко е 248 лица.
Вкупно се хоспитализирани 63 пациенти, од кои 48 се потврдени позитивни, шест сомнителни и девет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 40 пациенти. Еден н пациент на 57 годишна возраст е префрлен во ГОБ 8-ми Септември“ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница
Испишани биле пет пациенти како оздравени со по еден негативен тест. На Инфективно одлеенине згрижени се 41 во Модуларната болница 16 и на Интерно шест пациенти.
Tweet |