Петар Печков
Објавено: среда, 21 март 2012
Повеќе од две илјади пластични шишиња собирани и спакувани во експонати, за еден месец станаа дел од единствената изложба насловена ,,Нашиот ЕКО град, вечно млад,,. Така најмладите велешани од детската градинка Димче Мирчев,, го одбележаа денешниот 21 март Денот на пролетта и екологијата. Изложбата се состои од два дела, едниот каде се знаменитосите на Велес, Градскиот Саат, Мало мовче, споменикот Коњаник, Фонтаната, Железен мост а вториот дел е Зоолошка градина.
Вработените заедно со родителите на децата изработија 25 експонати. Тие се продаваат и собраните средства ќе ни послужат за зазеленување на нашите дворни површини. Така покажуваме дека се грижиме за чистота на нашиот град а на децата од најмала возраст им ги покажуваме вредностите на екологијата, која е најбитна за здраво и безгрижно детство- рече директорката Анида Цецева. Денес и утре, четвтрок изложбата аќе биде во дворот на градинката кај Жаба зграда, додека в петок во градинката кај ОУ Св. Кирил и Методиј.
Tweet |