речник контакт

Една година затвор за дедото на Тамара, оти нелегално поседувал пиштол

Апелација Скопје ја преиначи условната затворска казна на Основен суд Скопје 1 за Љупчо Стојановски, во ефективна. Судењето за обидот за убиство над екс министерот за здравство Никола Тодоров привршува

Петар Печков

Дедото на Тамара, велешанецот Љупчо Стојановски (61 год), доби една година затвор   за кривичното дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје “.

Откако Основен суд Скопје 1 му изрече условна затворска казна од две години, кои нема да ги одлежи доколку 5 години не стори кривично дело, Апелациониот суд Скопје ова казна ја преиначи, во ефективна. Стојановски доби една година затвор. 

Ова доаѓа по  жалбата која ја поднело ОЈО Скопје на условната казна затвор. Апелација Скопје  преиначувањето на казната го образложило дека  таа не претставувала доволен општествен прекор за  ваквото кривично дело. 

На 11 јули се закажани завршните зборови за второто кривично дело „обид за убиство,,. Претходно обвинетиот Стојановски призна дека незаконски го поседувал оружјето кое го вперил кон екс-министерот за здравство Никола Тодоров.

За второто дело ,,убиство во обид,, за кое му се суди на Стојановски, во Основен суд Скопје 1, тој  не признава вина и за ова дело се води одвоен судски процес.Настанот се случи на 1-ви јуни минатата година.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »