речник контакт

Една година затвор за сообраќајка со починат совозач

Сообраќајката се случи на влезот од складиштето на Скопска Пивара.

Петар Печков

Гастарбајтер доби една година затвор затоа што направи сообраќајка, во која  загина со возачот.  Селим Етиоски ( 29 год)  од велешкото село Мелница, кој е  на привремена работа во Швајцарија  во Основниот суд во Велес  е прогласен за виновен за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот.

Тој пред две години на 13 јули во 1,15 часот  по полноќ, низ градските улици на Велес, на влезот  од складиштето од Скопска Пивара,  со неговото моторно возило БМВ со швајцарски регистарски таблички возејќи пребрзо излетал од  патот и удрил во  бетонски електричен столб. Од ударот неговиот другар  С.Б.  ( 23 год) кој седел зад шоферското место се здобил со тешки повреди на главата, поради што починал на лице место, додека останатите две лица  во БМВ се здобиле со полесни повреди. 

Вештачењето покажало дека возачот Етиоски со автомобилот  се движел со брзина 91 км. на час низ улиците на градот иако истата е ограничена на  40 км. на час. поради што му е изречена казна затвор од една година. Прво му биле изречени шест месеци, но по жалба на обвинителството во повтореното судење возачот доби една година затвор.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »