Петар Печков
Објавено: вторник, 09 февруари 2021
Во велешко денес се регистрирани 23 лица ново регистрирани позитивни на ковид-19, оздравени се 18 пациенти. Ова се податоците кои попладнево ги соопшти Министреството за здравство. Во велешко активни се 221 случај а досега 3.208 лица.
Од велешката Болница соопштија дека утрово е почината пациентка на 75 годишна возраст, од Велес , позитивна на ковид 19, лекувана на Инфективно одделение три дена. Таа е 107-ма жртва од последиците на корона вирусот.
Во велешката Болница хоспитализирани се 35пациенти од нив на Инфективно се 31 а на Интерно четворица. Од лежечките пацинети 29 се потврдени позитивни ,еден е сомнителен и пет пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 13 пациенти.Испишани се 6 пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Tweet |