Петар Печков
Објавено: среда, 29 април 2026
Една премиера, четири претстави со 11 изведби се на репертоарот на велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот за месец мај, како и едно гостување.
Премиерата е закажана за петок 8 мај за претставата „Затворенички“ во режија на Елеонора Теова,. Таа ќе се одигра уште три пати на 9-ти мај сабота, на 20т-и среда и 27-ми повторно среда.
На репертоарот се и претставите „Не можеме да платиме, нема да платиме“ среда 13 мај и петок 22 мај, „Мало невино убиство“ ќе се одигра на 16 мај сабота, „Госпоѓа министерка“ на 14-ти мај четврток, „Тестостерон“ на 21 мај исто така четврток.
На 6-ми мај, во рамките на одбележување на 80- години Драмски театар, велешки гостува со комедијата „Вечера за глупаци во режија на Ненад Витанов.
| Tweet |




