Петар Печков
Објавено: четврток, 02 јануари 2020
Сообраќајка, карамбол, во предвечерието на дочекот на Новата 2020-та година, која предизвика сериозна материјална штета, а велешани се сведоци на последиците.
На31.12.2019 околу 17.20 часот на ул.„8-ми Септември“ во Велес, Б.Ф.(24) од село Иванковци, управувајќи патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, удрил во метално заштитно столбче, по што удрил во патничко возило „шевролет спарк“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(34) од Велес. После тоа, тој со возилото продолжил со движење по ул.„Алексо Демниевски“ каде што удрил во пластично рефлектирачко столбче, во сообраќаен знак, а потоа во бетонско рекламно пано кое го соборил на тротоарот и при падот направило оштетување на изложно стакло на аптека. Притоа, возачот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош- информираа од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.
Верољуб Доидевски портпарол на СВР Велес, информира за два физичлки напади.
На 02.01.2020 околу 02.45 часот во СВР Велес било пријавено дека во угостителски објект во Велес, А.П.(31) бил физички нападнат од З.Н.(40), двајцата од Велес.
На 01.01.2020 во 03.20 часот во СВР Велес, Н.К.(26) од Горно Оризари, велешко, пријавил дека околу 01.00 часот во угостителски објект на ул.„Алексо Демниевски“ во Велес, бил физички нападнат од едно лице.
И за двата случаи од велешката полиција најавуваат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
Tweet |