Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 март 2023
Минатата година родот на сончогледот во Македонија бил 15 илјади тони, од кои велешката фабрика за масло, Маслодајна откупила 11 илјади. Остатокот од четири илјади тони завршиле како сончоглед за грицкање, информираа земјоделците.
„Овие четири илјади тони се род од малите производители, кои го користат како сончоглед за грицкање. Тоа количество, генерално, во голема количина заврши како извоз за Косово“ - кажа Никола Петковски претседател на Здружението на производители на сончоглед.
Земјоделците најавија дека годинава ќе има за 20 отсто повеќе површини засеани со сончоглед, задоволни од ланската откупна цена, исплата која завршила во јануари и сигурноста дека родот ќе биде откупен.
Tweet |