Петар Печков
Објавено: сабота, 30 март 2024
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Полициското одделение Чашка согласно планот за превентивниот проект „За безбедност во училишта“, реализираа едукативна работилница во Основното општинско училиште „Тодор Јанев“ во општина Чашка.
„Преку соодветно подготвени презентации учениците беа запознати со сите за нив важни аспекти од темите, особено околу ризиците и законските последици од разните облици на социо-девијантно однесување и со начините како тие да се препознаат, со цел правилно да ги превенираат и да се заштитат“ – информираа од МВР.
Фокусирајќи се на темите за превенција од врсничко насилство, насилство преку социјални мрежи и превенција од зависности, едукативната работилница беше одржана за учениците од осмо и деветто одделение.
фото МВР
Tweet |