Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 мај 2024
Отсекот за превенција при СВР Велес реализираше едукативна работилница. Таа беше одржана со учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“ на тема „Штетни последици од зависности- дрога и алкохолизам“, дел од кампањата „Кажи не на дрогата, да на животот“.
„На овие едукативни работилници преку целни, односно наменски подготвени презентации учениците беа запознаени со сите оние битни тематски информации во насока на нивна поголема безбедност и превенција од штетни последици“ – соопштија од МВР.
Предавањето е реализирано во соработка со полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес.
фото МВР
Tweet |