Петар Печков
Објавено: петок, 29 декември 2023
Во текот на вчерашниот ден четврток, 28 декември, на подрачјето на Секторите СВР Велес била реализирана превентивна активности, примарно насочена кон превенцијата од употреба на пиротехника и оружје во текот на Новогодишните и Божикните празници.
На подрачјето на СВР Велес во општинските средни училишта „Димитрија Чуповски“, „Кочо Рацин“ и „Коле Неделковски“ во Велес, „Кирил и Методиј“ во Неготино, како и во основното општинско училиште „Пере Тошев“ во Росоман, од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со медицински лица во рамките на кампањата на МВР со Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија при КЦ „Мајка Тереза“ од Скопје, на учениците им биле одржани едукативни предавања на тема „Петарди НЕ- безбедност пред СЀ ”.
Tweet |