речник контакт

Едукативни предавања за учениците во „Недела на пешаците“

Полицијата одржала предавања во училиштата во Сливник и во Горно јаболчиште

Петар Печков

Едукативно предавање за учениците од прво и второ одделение во подрачното основно училиште во село Сливник, велешко на тема „Правила за малите пешаци“  како и за учениците од прво до четврто одделение во ОУ „Лирија“ во Горно Јаболчиште, општина Чашка.

„Децата се запознаа со основните сообраќајни правила, со цел уште од најрана возраст да се влијае на зголемување на нивото на безбедноста во сообраќајот на најмалите. Овие превентивно – едукативни активности се реализираат во рамки на кампањата „Недела на пешаците“ која се одбележува од 1 до 7 април  а во насока на зголемување на нивото на сообраќајната култура, но и зајакнување на довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните“ – соопштија од МВР.

Активноста е реализрана од полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес. 

фото МВР

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »