Петар Печков
Објавено: среда, 06 мај 2026
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес на градскиот пазар во Велес, спроведоа превентивна активност под мотото „Внимавај, телефонски измами“. На други делови од градот реализирана е превентивна активност на тема „И јас и ти сме пешаци“.
„Целта беше да се информираат и едуцираат граѓаните како да ги препознаат измамите и да не дозволат да бидат жртви. Преку непосредни средби, на граѓаните им беше укажано да не отвораат сомнителни пораки со содржина за наводни сообраќајни прекршоци регистрирани од системот „Безбеден град“ и со упатства преку кои жртвите се наведуваат да ги остават своите лични податоци и банкарски сметки. Во втората активност главен акцент беше ставен на пешаците, посочувајќи им дека тие, како активни учесници во сообраќајот исто така имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“ – соопштија од МВР.
Во рамки на двете превентивните активности бил поделен печатен едукативен материјал.
фото МВР
| Tweet |





