Петар Печков
Објавено: четврток, 15 октомври 2026
Bчеравечер во Велес била реализирана превентивна активност да не се управува под дејство на алкохол.
„Целта е да се влијае на подигнување на свеста кај возачите, бидејќи алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот“ – соопштија од МВР.
Полициски службеници од ПО Чашка во Чашка спровеле превентивна активност „Стави појас“.
„На граѓаните им беше потенцирано дека користењето на сигурносен појас е законска обврска како за возачите, така и за патниците во возилата, со цел зголемување на личната безбедност“ – дополнија од МВР.
Активноста е реализирана од полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес.
фото МВР
| Tweet |




