Петар Печков
Објавено: петок, 22 февруари 2013
Членовите на секцијата за борба против туберкулоза и младите едукатори за превенција од туберкулоза, ги едуцираат ранливи групи население и ученици од основните училишта во рамките на Програмата за здравствена заштита на Општина Велес.
Во текот на јануари и првата половина од февруари одржани се шест работилници со ученици од седмо и осмо одделение во основните училишта „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, „Благој Кирков“, „Св. Кирил и Методиј“ и „Блаже Конески“ и „Васил Главинов“. Во просториите на Црвен крст д-р Анета Ковачки пнеумофтизиолог – претседател на секцијата за борба против туберкулозата во велешкиот Црвен крст, одржала едукативна сесија за превенција од туберкулоза за слушатели со муслиманска вероисповед .
Тие биле информирани за карактерот, превенцијата и начин на бесплатното лекување од оваа болест а на присутните им биле поделени флаери со едукативна содржина. Едукацијата ќе продолжува во основните училишта во помалите населени места во Општината.
Tweet |