речник контакт

Едукација за важноста од техничката исправност на возилата и за задолжителната обврска за зимска опрема

Активностите се одржале во Велес, Градско и Чашка

Петар Печков

Во велешко реализирани се  четири превентивни активности за безбеден сообраќај.  Тие се случиле во Велес, Чашка и Градско а сообраќајната полиција за користење на зимската опрема, која обврска стартува од недела 15 ноември.

„Во Велес на возачите им беше укажано за важноста од редовна проверка на техничката исправност на возилата, додека во Чашка активноста беше насочена на укажување на важноста за користењето на сигурносен појас. Во Градско, активноста беше на тема „Брзото возење загрижува, брзото возење убива“, во рамки на која на возачите им беше потенцирана обврската за прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација и условите на патот, но и доследно почитување на сите останати сообраќајните правила прописи. Во Чашка, исто така, беше реализирана превентивна активност на тема „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“ со цел подигнување на свеста на граѓаните за заштита од имотни деликти, особено од тешки кражби од моторни возила.  Додека, пак, полициски службеници од ПС за БПС при СВР Велес спроведоа сообраќајна превентивна активност на тема „Користи зимска опрема“, а со цел подигнување на свеста кај возачите за потребата и обврската за употреба на зимска опрема, како важен предуслов за безбедно учество во сообраќајот“ – соопштија од МВР.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »